Navigation



За несоница и мамурлук

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ХРАНА ПРОТИВ НЕСОНИЦА
Во времето во кое живееме, полно со стресни ситуации, беспарица, бескраен работен ден, недела, месеци, па и години, мирниот и цврст сон е појава што се поретко се јавува во животот на денешниот човек.
Кога веќе навечер лошите вести од весниците и телевизиите не можат позитивно да влијаат на вашиот мирен сон, тогаш е потребно барем со соодветната исхрана, одморени и спокојни да го дочекате новото утро и новиот работен ден.
Еве неколку совети каква храна е пожелна, а каква не, за лицата кои патат од несоница.
Па така, овие лица би морале да ги избегнуваат чоколадото, кафето, разните крци и апетисани, лутата, солената и кон­зервираната храна.
Од друга страна, за лесен сон се препорачуваат тестенини, ориз, леб, јачмен, варени јајца, месо, риба, младо сирење и различен зеленчук.
Овие видови храна во себе содржат амино киселини, кои го поттикнуваат лачењето на серотонинот, инаку невропреносник вклучен во процесот на спиење и помнење.
Салатата, лукот, кромидот, репката и зељето исто така имаат смирувачки својства што го олеснуваат сонот.
Кон храната што го олеснува сонот спаѓа и чаша топло млеко, кое одлично делува за ублажување на нервозата и несоницата, но и ја намалува киселината во желудникот.
Колаче полно со обични јагленихидрати и шоља чај засладен со мед ќе го опуштат мозокот.

СО ХРАНА ПРОТИВ МАМУРЛАК
Љубителите на добрата и обилна капка треба  превентивно да го подготват организмот за цело­дневното или целовечерното конзумирање алкохол.
Пред излегување задол­­­­­ж­и­телно напијте се витамин Ц. Исто така пожелно е да створите ткн. тенок филтер од мрснотија во организмот, за да пијалокот подобро ви легне. Идеално за тоа е маслиновото масло во која било комбинација.
Доколку јадете систематски и полека, можете да пиете практично со часови, се разбира доколку притоа не конзумирате лоши ракии полни со метил алкохол, лоши и матни вина или други несоодветни алкохолни пијалоци.
Кисели јадења, како што се сармите од расол, или кисела чорба во ситните саати, исто така можат да го развеселат организмот и да делуваат превентивно.
Ако не сте се придржувале кон овие упатства и вечерта сепак сте претерале во секој поглед, се разбира утрото следи мамурлак. Во главата ви е матно, во желудникот ви е тешко и непријатно, а  денот  пред се би го поминале во кревет.
И додека вам “ни на крај на памет” не ви е до каква било активност, поборниците на теоријата “чивијата со чивија се избива”, продолжуваат да го пијат истиот пијалок што ги довел во таквата состојба, меѓутоа проблемот со оваа теорија е што на крајот секогаш останува по еден “клин закован”.
Значи ако сте претерале со алкохол, во вашиот организам има моментален недостаток од витамините Ц, Б, А и од магнезиум.
Овие есенцијални потреби треба да ги земете преку храна, што не смее да биде мрсна, за да не се забави прочистувањето на организмот. Храната воедно не смее да содржи силни зачини, за да не дојде до натамошно дразнење на желудникот.
Пожелно е првиот оброк што ќе го земете да биде супа, лесно сварлива за да може организмот побргу да се прочисти, и истата да биде полна со витамини.
Најдобри се супите со многу зеленчук и темнозелен зеленчук, а опоравувањето може да биде поуспешно и со грицкање суви смокви, бадеми, разни семки и јаболко.
Народната медицина вели дека за мамурлакот помагаат јаболков оцет и расолница.




Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.