Navigation



Важноста на појадокот
за децата

 

 

 

 

 

 

 

Започнете го денот со појадок- поговорка која е секогаш актуелна. Наутро желудникот ја очекува количината на храна, за чие внесување често сме мрзливи. Редовниот појадок е особено значаен во исхраната на децата и никако не би смеел да се прескокнува. Редовниот појадок обезбедува:
-доволна количина на енегија за учење и игра
-детето има добра терморегулација
-децата се расположени и разиграни
-отпорни се на болести
-постигнуваат подобри резултати во учењето
-појадокот придонесува за одржување на константно ниво на шеќер во крвта

Доколку појадокот се прескокнува:
-децата се поспани и нерасположени
-имаат послаб имунитет
-потешко ги реализираат обврските
-потешко се контролира телесната тежина
-се зголемува можноста од заболување на органите за варење.

Нутриционистите  посочуваат дека навиките за редовен појадок се стекнуваат во детството. Слично е и со стилот на јадење, односно употребата на приборот за јадење. Затоа родителите мораат со својот пример да им покажат на децата како  да го започнат успешниот ден! Родителите имаат голема одговорност и придонес во изградбата на навиките на детето, кои ќе го следат низ целиот живот.
Детскиот појадок мора да биде лесен, богат со житарици и јагленохидрати, сиромашен со масти и сол.

ПРЕДЛОГ ЗА ПОЈАДОК
За пиење:
-природен сок од портокал или  мандарина
-млеко ( со или без додатоци)
-чај со мед
-Печиво, немасно сирење, мармалад.
Ваквиот појадок не го оптоварува системот за варење и придонесува за зголемена концентрација и соодветно следење на наставата.

ПРОИЗВОДИ КОИ ДЕЦАТА ТРЕБА ПОЧЕСТО ДА ГИ КОНЗУМИРААТ:
-овошје
-зеленчук како салата или вариво
-немасно месо (предност има пилешкото, телешкото или јунешкото), риба (варена и ли печена)
-јајца
-соја и мешунки
-леб и печива
-млеко (со помал процент на масленост), јогурт, младо сирење

-маслиново масло
-семки, ореви, лешници, бадеми
Важно е децата да внесуваат и доволна количина на вода и чај.

ПРОИЗВОДИ КОИ ДЕЦАТА ТРЕБА ПОРЕТКО ДА ГИ КОНЗУМИРААТ:
-грицки
-газирани пијалоци
-пржени и мрсни јадења
-кекси и колачи
-многу зачинети и солени јадења
Децата може да јадат и пици и сендвичи, но тие  не смеат да бидат доминантни во исхраната.

Ние ви наведовме бројни причини зошто е важен појадокот. Наведете ги вашите причини зошто го прескокнувате појадокот!




Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.