Navigation



За појадокот

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Меѓу народот кружи изреката: “Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателите, а вечерата подари им ја на непријателите”. Дали се придржувате до тоа?
Повеќето луѓе кои ги познавам  - не. Кај нас е вообичаено правило денот да се започне со филџан кафе. На пушачите додаток им е и цигарата.
Нутриционистите врескаат: “Неее! Тотално погрешно!” Освен тоа што е сосема нездраво (замислете само што преживува вашиот желудник), таквиот начин на започнување на денот е вистински непријател на добрата линија. Штетноста од   кафето на празен желудник нутриционистите ја споредуваат со последиците од атомска бомба.
Дигестивниот систем е најодморен наутро, па искористувањето на храната во тоа време е најцелосно. Кога не појадуваме до ручек (околу 15 часот) обично прегладнуваме, па ќе изедеме и повеќе отколку што ни треба. Со тоа, се разбира, кругот не е затворен. За подобар сон и за да може организмот што подобро да ја преработи конзумираната храна, не се препорачува земање на храна по 19 часот. Но по сето она што онака изгладнети сме го изеле за ручек, кој ќе јаде пред 19 часот? И тогаш ќе решиме да не вечераме. Погрешно! А што е уште полошо, доколку до подоцна останеме будни, некаде околу полноќ ќе почувствуваме глад. Тоа што тогаш се случува не сакам ни да го опишувам. А баш пред некој ден читам дека голем број луѓе при утринското туширање се згрозуваат од своето тело. Баш чудно! Немојте ни да помислите дека решението е да го избегнете утринското туширање. Тоа веќе нема да биде непријатно само за вас!
Но, да се вратиме на појадокот. За разлика од нашите чудни и нездрави  навики, западните, па и источните народи му се верни на појадокот. И што е најважно - уживаат во него. Го осмислиле до најситните детали и го усовршиле, па тој оброк им претставува вистински ритуал. Важно е само да се разбудите малку порано. Впрочем многумина стануваат не само за да јадат, туку и за да рекреираат. Бинго! Со еден удар - две муви!
Да тргнеме од најпознатите светски менија за утринско уживање. Кој не слушнал за славниот англиски појадок? Многумина ќе се изненадат кога ќе ја видат неговата раскош. Англичаните во најраните утрин-ски часови ќе ви сервираат сешто. Пред со, овесни  снегулки варени во вода и прелиени со топло млеко или слатка павлака и сето тоа без шеќер! Со тоа ќе добиете бел леб со путер, маргарин или мармалад. Може да добиете и шунка со јајца, чадени харинги, риби печени во многу масло, како и бројни други хранливи производи.
Верувајте,  по ваков појадок денот ќе ви биде сосема поинаков!




Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.