Navigation



Посни јадења

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Постите многу благотворно делуваат на човечкиот организам, околу што се сложуваат и научниците и свештениците, диетичарите и гурманите, верниците и атеистите. Луѓето тоа го знаат од многу одамна: уште старогрчките лекари советувале воздржување од храната како превентива од многуте болести, но и како лек. Денес скоро сите религии препорачуваат некаков облик на пост и воздржување. Христијанството познава неколку различни пости, од еднодневни до оние кои траат по 40 дена. Освен воздржувањето од алкохол, од храна од животинско потекло и пороци, овие пости подразбираат и воздржување од лоши мисли и лоши постапки. Кога на постовите гледате од тој аспект, очигледно е дека таквата пракса соодветствува со тоа што често го говорат лекарите и нутриционистите. Помалку нервоза, помалку кафе, цигари и мрснотија.
Без оглед на тоа поради што постите, бидете сигурни дека го правите најдоброто нешто за своето тело. Организмот за време на постот се чисти од натрупаните отрови, кои ги внесуваме со индустриската, неквалитетна и премногу мрсна храна, која повеќето од нас несвесно ја конзумираме во поголемиот дел од годината. Велигденските пости се особено значајни затоа што доаѓаат по зимскиот период, кога сме физички помалку  активни и кога традиционално конзумираме повеќе калории отколку што на организмот му е потребно. Всушност Велигденските пости претставуваат вистинко време за чистење на организмот.

ЗОШТО ПОСТИМЕ?

Луѓето отсекогаш знаеле дека воздржувањето од конзумирање на одредени јадења за извесен период од годината е корисно за нивното здравје. Во христијанската религија свесното воздржување се нарекува постење. Постењето не претставува само неконзумирање на одредени јадења и пијалоци, туку и воздржување од лоши мисли и лоши дела.  Според христијанската религија, човечката душа ослободена од лоши мисли и дела овозможува поголема љубов кон своите блиски. Па така, постењето кај народот со векови се почитувало и практикувало како вистински христијански чин, достоен за правдољубивите. Нашата црква ги дели постите на еднодневни и повеќедневни. Велигденските пости траат седум недели. Најстрог пост е оној кога цел ден ништо не се јаде, потоа кога јадењата се подготвуваат само на вода, па кога се подготвуваат на масло. Постовите му овозможуваат прочистување на организмот преку исфрлањето на наталожените мрсни материи, кои кога ќе се наталожат предизвикуваат одредени проблеми, а може да бидат и еден од причинителите на бројни заболувања.

СОВЕТИ ПРИ ПОСТЕЊЕ

За време на постењето придржувајте се до следниве правила:

  1. - секој ден конзумирајте 1,5л вода и 1,5 литри незасладен чај
  2. - јадете што повеќе мешан зеленчук и овошје
  3. - конзумирајте што повеќе витамини и минерали, особено Ц витамин,
    (до 1гр дневно)
  4. - вежбајте или движете се најмалку 30 минути дневно
  5. - џвакајте ја храната што подолго додека не стане речиси течна.

СО ПОСТОТ ДО ЗДРАВЈЕ, УБАВИНА И ЗАДОВОЛСТВО

Постот одамнина му е познат на човечкиот род. Со векови луѓето постеле поради религиски, но и поради здравствени причини. Луѓето апстинирале од храната за да преку медитација ја ,, прочистат,, својата душа, да се пронајдат себе си и да се приближат до Господ, но и за  да ги елиминираат шетните материи од телото и да го зачуваат своето здравје.
Постот претставува една од најстарите методи на лечење и зачувување на здравјето. И самиот Хипокрит ги советувал болните наместо лекови своето тело и душа да ги лекуваат со постење, со умерена физичка активност и свеж воздух.
Во услови на современиот начин на живеење, при што секојдневно сме изложени на разни психички проблеми, додавајќи ја нередовната исхрана, чистењето од отровните материи наталожени во нашиот организам, станува поактуелно од било кога. Притоа треба да се знае дека постот нема апсолутно никаква врска со диетите, на кои целта им е исклучиво намалување на килограмите. Постот не се темели на изгладнување. 
Со апстинирањето од одредени видови на храна, го прочистуваме и го регенерираме како системот за варење, така и целиот организам, освежувајќи го, обновувајќи го и подмладувајќи го.
Преку постот целиот организам, сите органи и клетки се чистат од штетните материи и се обновуваат и затоа не треба да не чуди што луѓето по постот се чувствуваат како повторно родени.
Се разбира преку постот нашиот организам се ослобидува не само од физиолошкиот, туку и од психичката баласт.
За време на постот што повеќе угодувајте им на телото и душата.  Што повеќе одморајте се, поминувајте повеќе време во прошетки во природа и занимавајте се со рекреациски активности.
Притоа слушајте го своето тело и почитувајте ги неговите психички и физички реакции. Натаму, конзумирајте што повеќе течности, со што ќе го подобрите прочистувањето на организмот, особено на системот за варење и ќе го спречите сушењето на кожата.
За време на постот конзумирајте што повеќе овошје и сиров или динстан  зеленчук. Зеленчукот зачинете го само со малку сол, или уште подобро со растителни зачини како босилек, тимијан, лук и маслиново масло.
Во однос на изборот на зеленчукот може да се раководите и од формулата црвено, зелено, жолто како во вашите оброци би биле застапени сите видови на хранливи состојки.
Што се однесува до количината, јадете што помалку, но онолку колку што ви е потребно. Бидејќи сировата храна значително го оптоварува системот за варење, доколку имате чувствителен желудник избегнувајте свежо овошје и зеленчук во попладневните часови. Во тој периот јадете само варен зеленчук или овошје.
Во текот на денот конзумирајте 3-6 литри течност, најдобро негазирана природна минерална вода, свежо исцедени овошни сокови и растителни чаеви. По 18 часот избегнувајте да внесувате храна во организмот.
Обидете се за време на постот да не конзумирате кафе, црн чај, алкохол, слатки и газирани пијалоци, и секако заборавете ги цигарите.
За време на постот неопходната храна за нашето функционирање наместо од намирниците, значи ,,однадвор,, се обезбедува од внатрешните резерви на нашиот организам. Поради тоа што своите потреби организмот ги задоволува од внатрешните енергетски резерви, човекот не се чувствува гладен, туку напротив,  здрав, задоволен, полетен и моќен.




Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.