Navigation



Сосови
и овошни сокови за бебиња

 

 

 

 

 

 

 

 

Сосовите ги прават јадењата повкусни, поубави и побогати. Сосовите не се предвидени како самостојни јадења, туку како додаток на основното јадење од месо (дивеч, риба), тестенини, ориз и зеленчук. Умешноста во подготвувањето на сосовите се строго заштитени тајни на одредени кујни, кои со генерации се пренесуваат.
Врвните кујни се истакнуваат со посебни сосови за чија подготвка се потребни внимателност и голема гастрономска умешност.
Најчесто сосовите се делат на топли и ладни.
Сосовите го дополнуваат и го збогатуваат јадењето, но никако не смеат со својата арома и вкус да доминираат над основното јадење.
Сосовите за бебињата се додаток на основните производи, кои го прават јадењето комплетно и им помагаат на родителите при усвојувањето на нови производи, јадења, бои и облици.
Притоа секако е важно и ова:
да се постигне неутрален вкус
да не се додава сол, црн пипер и мрснотии
алкохолот е исклучен дури и во најмали количини
избегнувајте зачински растенија (оригано, рузмарин, ловор...)
за сосови користете производи кои детето веќе ги конзумирало
користете исклучиво свежо подготвен сос

Сосовите за бебињата се одличен додаток за јадењата од ориз, тестенините, варените житарици, рибата и гризот.
Анализирајќи го дневниот оброк, родителите може да најдат производи кои детето не ги конзумирало во текот на денот и од нив да подготват сос за одредено јадење. Со тоа постигнуваат внесување на неопходните компоненти кои гарантираат непречен раст и развој кај децата.
На пр. доколку детето во текот на денот не конзумирало доволно зеленчук, за вечера може да му се сервира варен ориз со сос од моркови; варени компири со сос од сирење и спанаќ; риба со сос од блитва.
Доколку детето не сака одредени производи, сосот ќе го подготвиме така што ќе им го прилагодиме на вкусот, со што ќе го поттикнеме детето да конзумира јадење во кое нема да го препознае несаканиот производ.
На пр. палачинките со сос од круши се одличен оброк, што е ненаметлив начин бебето да ги прифати крушите (со додаток на мед и јаболки).

Не заборавајте:
доколку подготвувате слатки или солени сосови за бебињата пожелно е како база да користите јогурт, пудинг, млеко, свежо кравјо сирење, месо или риба на чиј вкус детето е веќе навикнато;
никогаш не воведувајте повеќе нови производи наеднаш, така во случај на појава на алергија веднаш би се детектирал производот, кој е предизвикувач на алергијата;
на децата со поголема те-лесна тежина не треба да им се даваат сосови на база на павлака, мајонез, путер и останати висококалорични производи;
сосовите за бебињата ја  олеснуваат подготовката на производи кои имаат тврди делови, и кои родителите, загрижени поради цврстината, неоправдано ги исклучуваат од исхраната. Сосовите се многу поволен начин за користење на одредени производи, сî додека детето не добие заби.

За родителите: пробајте го сосот пред да му го сервирате на вашето бебе и прилагодете го вкусот на осетливата детска уста. Oвошните сокови, покрај прилагодените чаеви, се првите оброци со кои детето се среќава по млекото. По повеќемесечниот сладок, но неутрален млечен оброк, широкиот свет на вкусови се запознава преку соковите.
Соковите ги делиме на бистри и кашести. Тие се лесно сварливи и нутриционо богати. Отсекогаш заземале значајно место во исхраната на децата и рековалесцентите. Со својата енергија идеално ги дополнуваат дневните оброци. За оптимален раст и развој кај децата неопходни се витамини и минерали, а секојдневното конзумирање на овошје и сокови може да ги задовли потребите на младиот организам.
Соковите се добар избор за децата кои не го сакаат овошјето во исхраната или се насочени на само неколку видови овошје.
Меѓу најпопуларните ги вбројуваме соковите од агруми кои имаат голема нутрициона вредност.
Сокот од портокал има енергетска вредност од 120 калории во 250гр.  Содржи Б витамини кои се неопходни за развој на црвените крвни клетки, потоа витамин А, како и витамин Ц. Сокот од портокал е одличен извор на калиум, калциум, магнезиум, фосфор, цинк и селен.
Сокот од јаболка има енергет-ска вредност од 120 калории во 250гр сок. Има освежувачки вкус, а добро се сложува и со останатите овошни сокови.
Густиот сок од праски содржи 140 калории во 250гр. Богат е со витаминот А, потоа содржи Б и Ц витамин, како и голем број на минерали.
Густиот сок од круши има 150 калории во 250гр. Вкусен е и добро е прифатен од децата.
Сокот од грозје има 150 калории во 250гр. Особено е богат со селен.
За малите деца се предлагаат сокови од еден вид на овошје во време кога тие се привикнуваат на сок. При внесувањето на поединечни видови на сок во организмот, потребно е да се започне со помали количини. Сî почестите алергии укажуваат на внимателност. Поради тоа за малите деца не се препрачливи мешани сокови додека не се утврди односот на детето кон одредени видови на овошје кои се внесуваат во исхраната.
Соковите може да се разредат со додавање на вода која е прет-ходно зовриена и изладена.
Кај поголемите деца во развој, мешаните сокови од неколку видови на овошје се добар избор, затоа што се избегнува монотонија на вкусот. Доколку во овошниот сок (пр.од портокал и ананас) додадете банана, ќе добиете одличен оброк за ученикот кој постојано некаде брза.
Може да експериментирате и со додатоци на сок од селен, магдонос и сл., што посебно се предлага за децата на кои им претстојат поголеми напори (спортисти, планинари, музичари...).
Многу е важно да се знае дека:
Сокот мора да биде подготвен непосредно пред конзумирањето, или отоворен од оригиналното пакување непосредно пред конзумирањето
Овошјето и соковите од овошје во исхраната на малите деца воведувајте ги исклучиво во договор со лекар
Никогаш не ги засладувајте соковите кои ги подготвувате дома.




Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.