Navigation



За виното

 

 

 

 

 

 

 

 

Виното е како и човекот, таман Ќе поверуваме дека го познаваме, а тоа Ќе не изненади со нова убавина. Виното и животот се сино-ними. За виното велат дека е храна, а го пијат и боговите. Како најприроден производ на трпезата закрепнува. Виното ја поттикнува фантазијата, интелигенцијата и креативноста. Талентираниот винопија велат дека е господин. Само на избраните им е дадена таа умеШност да ги разликуваат сортите и квалитетот на виното. Овојпат Ќе говориме за шардонето. Го вбројуваат во групата сорти на бургундец. Според класификацијата направена од група експерти за виновата лоза и виното, оваа сорта се смета за интернационална. шардонето потекнува од Франција, но од таму се раШирило во многу земји како Италија, Германија, шпанија, Русија, Калифорнија, Аргентина, Австралија, Јужноафриканската Република. Татковина на шардонето е областа шабли во Франција. Се служи на подрумска температура, односно на температура од 10 степени.
Кога станува збор за виното сите легенди треба да се прифатат како вистинити. Во нив не верувааат само оние кои никогаШ не го почуствувале таинствениот залажувачки вкус на виното, Што навестува откривање на мистериите.
Според латинската изрека “Во виното е вистината” , а виното е постаро и од Латините, па некои духовити луЃе би прокоментирале дека виното е постаро и од вистината. Научните факти говорат дека виновата лоза е меЃу првите растенија Што човекот почнал да ги одгледува. Речиси во сите периоди од човековата историја виното има некој степен на култ. Старите ЕгипЌани пред повеЌе од пет милениуми на ѕидовите на фараонските гробници ја насликале приказната за цедењето на грозјето. Старите Грци дури имале и свој бог на виното Дионис. Тој меЃу 12 бесмртни го добил почесното место до Богот над Боговите Зевс.
Науката констатира дека виното е богато со хранливи материи и нутриционистите го сметаат за храна, а не за алкохол, без оглед Што во својот состав има од 10 до 16% алкохол. Оваа светска класификација на виното во храна, сепак кај нас се уШте не е усвоена. Секако треба да се има предвид дека благотворното дејство на виното е кога се консумира разумно и во умерени количини, како и впрочем се во животот. Важно е во културата на исхраната да се знае дека виното најмногу му користи на организмот, а најмалку му Штети ако се пие за време на оброкот.

ВИНСКА КАРТА
Не постои вино со кое не би можеле да уживаме во јадењето. Затоа правилата дека со одредени јадења следуваат соодветни вина во пракса не се почитуваат секогаш.
Познавачот на вино ќе го одбере она вино кое најдобро го познава и кое со одредено јадење најмногу му одговара.
Со виното фактички се дополнува и подобрува квалитетот на јадењето, а имајќи предвид дека вкусот е многу индивидуално обоен, посебно во мешавина на вино и храна во устата, одбирањето на виното со понудената храна има многу индивидуален карактер.
Квалитетот на виното во основа го одредува неговото потекло, регионот и сортата на грозје од кое е добиено.
Доколку сме жедни, во никој случај не треба да пиеме вино или шприцер. За гасење на жедта најдобро е да се пие обична или минерална вода. Виното не треба да се расипува, тоа е основното правило.
Од аспект на количината на непревриен (неферментиран) шеќер во виното, вината ги делиме на суви, полусуви, слатки и полуслатки, а од аспект на аромата на ароматични и неутрални. Со јадењето најдобро е да се консумираат сувите и не многу ароматизирани вина, особено за солени јадења. Слатките и ароматични вина се консуммираат со различни типови на слатки јадења.
Белите вина содржат малку фенолни состојки, тие се лесни вина содржат помалку алкохол и се консумираат со полесни јадења, со месо од живина и риба.
Црвените вина значително се побогати со фенолни состојки, тоа се потешки вина богати со танин. Се пијат во комбинација со месо од дивеч, свинско месо и месо од други домашни животни.
Црно вино фактички не постои, постојат само црвени вина, како што не постои црн леб, а во секој-дневниот живот го нарекуваме така како што го нарекуваме и лебот и виното.
Важна ин-формација која треба да ја добиеме од винската карта е содржината на алкохол на секое вино. По овој критериум вината се делат на јаки (кои  содржат повеќе од 100 гр. алкохол на литар), средно јаки (80 - 100 грама алкохол на литар).
Во доброто вино алкохолот не се чуствува. Дури откако ќе се испие поголема количина се чуствува неговото дејство. Според тоа податокот за алкохолот е многу важен заради правилно дозирање на виното со јадењето.
Доколку виното е старо тогаш ја носи ознаката  РЕЗЕРВА.
Виното се раѓа, живее, ја постигнува својата зрелост, старее но својата убавина, својот вкус и квалитетот го губи бавно.
Меѓу народот распространета е следнава крилатица “Виното треба да е свое и старо, а жената туѓа и млада”.

НАЈПОЗНАТИ СОРТИ НА ГРОЗЈЕ
КАБЕРНЕТ СОВИЊОН- е најпознатото грозје во светот кога е во прашање производството на црвеното вино. Се одгледува во Бугарија, Чиле, Австралија, Калифорнија, јужна Франција... Има мали сино- црвени зрна со дебела лушпа. Доцна разлистива и доцна созрева.
МЕРЛОТ- Од ова грозје се прави најскапото црвено вино на светот. Се одгледува во областа Бордо во Франција. Се  карактеризира со  крупните зрна и ненаметливиот вкус  на боровница и мента.
ПИНОТ НОАР- Од ова грозје се прави познатиот бургундец. Успева во регионот на источна Франција. Ова грозје има тенка лушпа и густи црни гроздови. Покрај во Франција се одгледува и во Австралија, на Нов Зеланд, во јужна Африка, САД...
ШАРДОНЕ- Белото шардоне е сигурно најбараното грозје во светот. Има мали гроздови со тенка лушпа. Рано цвета и созрева. Денес се одгледува во речиси сите земји што произведуваат вино.
РИЗЛИНГ- Одлично вино. Ова грозје го карактеризираат мали гроздови со бледи зрна со дамки. Од ова грозје се добиваат врвните суви, полуслатки и слатки вина.
СЕМИЈОН- Од ова грозје се добиваат врвни слатки вина, како и висококвалитетни суви вина. Ова грозје изискува специфични климатски услови. Се одгледува во Франција, Австралија, САД, Јужна Африка...

ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА КОНЗУМИРАНЊЕ НА ХРАНАТА И ВИНОТО
1. остриги, школки и ладни ракови
- суви пенушливци; млади и бели вина;
2. ладни предјадења (пршута,  салама, шунка, кобасици, паштети и сл.)
- суви бели вина; лесни розеви вина;
3. предјадења со јајца и месо; тестенини со сос од
месо
- лесни црвени вина;
4. бела риба- варена и во сос
- одлежани бели вина;
5. сина риба- печена, пржена, похувана
- одлежани бели и лесни црни вина;
6. риба на скара
- јаки бели и црни вина;
7. светло месо, бела живина
- бели вина;
8. темно месо, темна живина
- црни вина;
9. дивеч
- тешки, јаки црни вина;
10. сирење и јадења од сирење
- старо црно вино;
11. колачи и сладолед
- полусуви пенушливци; ароматизирани полусуви и слатки вина;
12. овошје, ореви
- полусуви пенушливци; природни десертни вина.

ОД  ШТО ЗАВИСИ ВКУСОТ НА ВИНОТО
Вкусот на виното го создаваат повеќе чинители. Основни компоненти кои влијаат на вкусот на виното се:
- танинот-тоа е силна супстанција која ја содржат кожата и семките, а  го има и во чајот. Тој е природен конзерванс, кој овозможува виното да стои 10, па и 20 години.
- алкохолот-виното од ладните краеви има околу 7%, а тоа од топлите краеви и до 14% алкохол-на здравје!
- шеќерот - вината со малку шеќер се суви, со нешто повеќе се полусуви, а третата категорија се слатките вина. 
- аромата- виното секогаш потсетува на некое овошје, чоколада, чад од цигари и слично.
- овошјето- тоа зависи од видовите на грозје кои се употребени.
- дабовината- многу вина созреваат или дури ферментираат во дабови буриња.
- киселоста- киселоста ја чува свежината на вкусот.
Некогаш виното има лош вкус. Тоа најчесто се случува поради грешка во процесот на производството или ако виното не е чувано како што треба.

ВИНО ЗА ДУША
Виното претставува лек за дуШата и телото. Релаксирачкото дејство на виното на човечкиот организам и количеството на калциум Што го содржи, а Што се движи од 50- 140 милиграма во еден литар, како и на магнезиум од 40-120 мг. на литар, дополнето со одредена количина на витамините Б и Ц може да претставуваат многу значаен антистрес фактор. Треба да се нагласи дека единствено со редовно умерено конзумирање на вино може да се задоволат дневните потреби на организмот за овие антистресни фактори. При умереното и правовремено конзумирање на виното се намалува нервната напнатост и возбудувањето, додека раздразливоста и стравот се ублажуваат. Денес со сигурност се знае дека црвеното вино има значајна улога во спречувањето на артериосклерозата и инфарктот на миокардот. Виното може да го спречи влоШувањето на органските и функционалните пречки врзани за работата на срцето и крвотокот. Од 1991 година се го-вори за т. н. “ француски синдром”, во чија основа лежи фактот дека Французите и покрај тоа Што конзумираат многу масти од животинско потекло, доживуваат многу помалку инфаркти на миокардот, отколку жителите на САД и на западноевропските земји. СуШтината на одговорот се наоЃа во состојките на црвеното вино кои не само Што се во состојба да ги разградуваат мастите и да го намалат нивото на холестеролот, туку и го спречуваат затнувањето на артериите. Во еден литар  црвено вино има околу 60 мг. салицилна киселина  Што претставува двојно повеЌе отколку дневната доза на аспирин Што ја препорачуваат лекарите како превентива за кардиоваскуларните заболувања.

ОПОЈНОСТ
Виното конзумирано во умерени количини му дава елан на духот и ја зајакнува уметничката креативност. Тоа едноставно го воздигнува духот на човекот за еден степен повисоко, разбудувајЌи чувство за сите вредности кои го збогатуваат животот, како естетиката, музиката, природните убавини, и секако наклонетоста кон спротивниот пол. Навечер по напорната работа и секојдневните  возбудувања, виното делува релаксирачки на човечкиот организам. Секој оној, кој по напорната работа наога опуШтање во умереното конзумирање на вино, создава дистанца во однос на грижите кои ги носи се-којдневието. Виното едноставно му овозможува на човекот да сфати дека проблемите и грижите, често се предимензионирани и му помага нив да ги согледа во вистинското све-тло, Што придонесува следниот ден да го започне посмирено, со повеЌе мудрост и само-увереност. Од едно интелигентно дружење со виното се постигнува природна благосостојба, која помага  поуспеШно да се излезе на крај со ризиците на секојдневниот живот. Зарем ова не претставува еден вид на психотерапија?  Хипократ многу одамна ја обвини меланхолијата или црното расположение како основна причина за бројни заболувања. Според тоа поради благотворното делување на нервниот систем, особено по емоционален Шок или сериозна болест, конзумирано во умерени количини, виното може да делува како бова  која е секогаШ погодна човекот за неа да се фати.




Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.