Navigation



Исхраната кај деловните луѓе

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кај многумина вкоренет е ставот дека деловните луѓе лошо се хранат, т.е. неквалитено. Постојано слушаме дека за таквата состојба не се виновни тие самите, туку дека работниот ден не може да се организира поинаку, освен на штета на работата. Притоа се наметнува заклучокот дека повредни и покорисни се оние кои за време на работниот ден не трошат време за јадење. Дури и ако на работната маса забележиме чоколада, јогурт или овошје подготвени сме да забележиме деке на тој вработен најважно му е постојано нешто да грицка и јаде.
Доколку и машината остане без потребната енергија, таа ќе престане со работа, а повеќето од нас упорно го принудуваат организмот на беспрекорна и креативна работа, без право на внесување енергија и релаксација. По долгиот и напрен работен ден, најчесто сме премногу изморени за да јадеме, или пак јадеме со часови без мерка и чувство што јадеме.
На животниот век не влијае само колку храна конзумираме, туку што јадеме - сметаат британските научници, кои истражуваат како квалитетот, а не квантитетот на внесните калории влијае на долговечноста.
Според  нивните  истражувања се потврдува дека за  долговечноста многу поважно е да се намали внесувањето на протеини или масти, отколку на шеќери.
Слободно можеме да претпоставиме дека повеќето деловни луѓе имаат лоши прехранбени навики и како последица од тоа се јавува хроничен замор, пад на имунолошкиот систем, проблеми со органите за варење, кардиоваскуларни потешкотии, проблеми со притисокот ...
Деловните луѓе може да си помогнат и да ја организираат исхраната на два начина:
- со еден оброк кој ќе го донесат на работното место,
- со исхрана во блиските ресторани.
Идеално би било да се постигне комбинација од наведениве два модели со задолжителен појадок пред заминувањето на работа.
Деловните луѓе треба да избегнуваат внесување на јаглехидрати кои влијаат врз падот на концентрацијата, кои предизвикуваат поспаност или го поттикнуваат апетитот. Такви се белиот шеќер, пивото, белиот леб, кексите.
Предност треба да им се даде на производите кои даваат квалитетна енергија без преголеми осцилации на гликозата во крвта. Тука спаѓаат зелениот зеленчук, легуминозите, свежото овошје, сојата, лебот и печивата од цели зрна.
Тајната на квалитетната исхрана е во доброто планирање.
За ручек може да конзумирате:
- тестенини со сос од домати
- ориз со мешан зеленчук
- пилешко месо
- соја и салати
- млечни производи од обрано млеко со печиво од цели зрна.
На ова може да додадете и јадења од месо, печурки, јајца и сирење.
Конзумирањето на течности во текот на целиот ден е подеднакво важно како и јадењето. Затоа пиењето вода, сокови или чај е мошне значајно. Јадењето во ресторан најчесто е поврзано се една чаша вино, кое закрепнува и опушта. Виното изобилува со минерали и антиоксиданси, па затоа малите количини за време на ручекот се добродојдени за организмот.
Се разбира, треба да се избегнуваат жестоките пијалоци, како и големите количини на пиво или вино. Добро е да се избегнуваат и мрсни јадења за чие варење се потребни неколку часа.
Вложувањето во секојдневната лична исхрана е влог во подобри работни резултати, поубав изглед и добро расположение. Исхраната кај деловните луѓе е во директна врска со нивните работни резултати.




Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.