Navigation



Германска кујна

 

 

 

 

 

 

 

Со повеќе од 1200 пиварници во кои се точат околу 5000 различни видови на пиво Германија не ретко ја нарекуваат земја на пивото. Меѓутоа разноликоста во оваа земја ја има не само кај пивото, туку и кај храната која се конзумира.
Од свежата риба од традиционалните хамбуршки рибарници до компирот кој се сервира уште од 18 век, како солен варен компир, во разните варива или како погача од компир.
Германскиот појадок е незамислив без еден од 300 -те видови  здрав леб, имајќи предвид дека германските пекари уште од многу одамна се имаат закитено со многу ловорики произведувајќи мали и убави печива. Помеѓу оброците Германците често посегнуваат по природната минерална вода, која се црпи од 550 извори. Пред да бидете  понудени  со вино, сигурно ќе ја забележите вкусно и естетски сервираната трпеза.
Складно избраните сервиси се неизбежен дел од понудата на храна и пијалоци во Германија. Германците се посебно горди на своите произведувачи на порцелан, стакло, ...чии мајсторски дела ги краселе трпезеите во домовите на царевите и кралевите.
Различни чинители влијаеле на тоа кое јадење ќе биде локален специјалитет  во одреден регион или држава во Германија, како на пример плодовите кои во тој регион успеваат или степенот на развој. Препознатливи се влијаниата од кујните на соседните земји: чешката и австриската кујна извршиле силно влијание врз баварската кујна, додека на северниот дел воочливо е влијанието на Скандинавија и Велика Британија.
Основните состојки достапни во сите германски покраини, од брегот на Северното и Балтичкото море до подножјето на Алпите на југ, во основа се исти, разликите се само во детаљите. На тој начин секоја федерална држава има своја историска, културна и гастрономска особеност. За да регионалната храна добие на вредност, креативните гастрономи се залагаат за враќање на старите рецепти како основа за подготвување на хранливи из драви јадења.
Тоа што прво ќе го забележите кај жителите на Берлин се малите оброци помеѓу главните јадења, затоа што како што ќе ви кажат Берлинците немаат време. Бер­лин­ската храна е едноставна и здрава: силна, оскудна гозба, во која ќе ги препознаете влијанијата на различните кујни, кои ги носеле емигрантите од многу земји. Нивните салати, разни видови на зеленчук, кобасиците трајно ја збогатиле градската кујна. Берлинската и брандербушката кујна имаат многи заеднички каракеристики почнувајќи од изобилството на риба, дивеч, зелен­чук и овошје, потоа свежото кравјо сирење, компирот, кисе­лите краставички...
Во северните делови на Германија покрај локалните специјалитети ќе ве понудат и со гулаш, разни видови шунки и сите врсти на риба. Во минатото во овие краеви поради острите зими и напорната работа на отворено на луѓето им била неопходна голема количина на енергија. Сепак денес и во овие региони мрснотијата е редуцирана, а јадењата се полесни.
Жителите на Хамбург уживаат во вкусовите и кога се во прашање храната и пијалоците, парите не се важни- “Во Хамбург прво можете да јадете на англиски, потоа на француски или на германски начин,,.
За граѓаните на Бремен каракеристична е поговорката ,, Да се јаде многу и да се јаде квалитетно,, што ја покажува љубовта спрема количината кога храната е во прашање,,. Ова е своевиден парадокс, ако се знае дека жителите на Бремен важат за скржави луѓе. Бременците  добро завршената работа ја прославуваат со вино. Не во изобилство-тоа Господ го забранува, туку во тивки задоволство... во бременски стил.
Доколку појдете во Долна Саксонија ќе ве пречекаат со едноставни и обилни јадења, а пред се со  кељ со кобасици и сирење. Во регионот на Есен доминантни се два специјалитети зелениот сос и франкфуртските кобасице.
Баварската кујна е богата како и нејзиниот пејсаж и светски познатото пиво. Меѓу најзначајните специјалитет на оваа кујна спаѓаат печеното свинско, телешката бела кобасица и паштетата од црн дроб.
Доколку сакате да ја доживеете германската кујна најдобро е да го посетите  минхенскиот ,, Октоберфест,, да пиете пиво од литарските кригли и да уживате во  романтичните дворци од бајките.




 

 

Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.