Navigation



Португалска кујна

 

 

 

 

 

 

 

На враќање од своите големи истражувачки патувања од Далечниот Исток, Африка, Северна и Јужна Америка португалските морепловци носеле најразлични зачини, кои ги проширили низ Европа ( црн пипер, ѓумбир, чили и цимет),  кои ги употребувале да го збогатат вкусот на храната. Тие носеле и бројни егзотични производи кои набрзо станале дел од европското секојдневие, како што се чајот и оризот од Далечниот Исток, доматите и компирите од Јужна Америка.
Поради тоа, но и поради многуте други причини португалската кујна претставува вистинско уживање во најразлични вкусови.
Секако голем придонес за богатата португалска кујна има домашното производство на пченка, компир и ориз, како и богатството на маслинови стебла, лозовите насади, дрва со портокали, смокви и бадеми со кои изобилува територијата на Португалија.Карактеристики на португалската кујнаДоброто јадење во Португалија започнува со супа. Најпозната супа е цалдо верде, густа супа од сечкани колбаси и компири.  Најчесто се приготвува со маслиново масло. Нема да згрешите ни доколку ја пробате ,, супата од камен сопу да педра, за која постои интересна легенда. Според неа оваа супа ја измислил некој свештеник кој сакал да направи супа, но единствено ншто што имал било каменот. Така одејќи од врата до врата молел луѓето да му дадат само уште еден производ за супата и на својот пат собрал доволно производи и погодувате ја направил сопу да педра.
Во регионот Алантејо позната е супата направена од леб и риба, како израз на сиромаштијата на тој регион и бујната фантазија на локалното население. Лебот е основен производ на луѓето од овој регион, а со додавањето на ароматизирани растенија се добива одлична супа.
Најтрадиционално португалско јадење е Цозидо а португуеса ( гулаш од телешко и свинско месо, зеленчук и разни колбаси).
Многу е тешко од големата понуда на јадења со месо да се направи избор. Цабрито ассадо но фурно (јарешко печено во фурна), се приготвува за Велигден.
Цханфана (јарешко варено во црвен кромид) е познат португалски специјалитет, а говедскиот кебап на скара претставува вистински избор.
Меѓу Португалците најомилено јадење е битољуе (бифтек со печени јајца). Чаденото месо, особено пресунто (пршута) и разните видови на колбаси заземаат посебно место во португалската кујна со својот квалитет.
Морето претставува посебна инспирација за кулинарските виртуози. Цалдеирадас ( динстано месо од рани видови на риба) е совршен пример за фузијата на морето и кулинарството, како и сардинха ассада (сардини на скара) кои се и главно обележје на популарните фестивали од северот до југот на Португалија.
Национално јадење е сушен и солен балалар, за кое Португалците велат дека го подготвуваат на 1001 начин. Бакаларот задолжително мора да го има и на Божиќната трпеза. Сирења, десерти, винаСирењата во португалската кујна се застапени под ,, мора. Сирење број еден е  Љуеијо да Серра, кое се произведува во планинскиот регион Серра да Естрела, и тоа од овчо млеко. Извонрено овчо сирење е и Љуеијо Рабацал. Во Португалија се произведуваат и сирења од козјо и кравјо млеко.
При подготвување на десерти најчесто користени производи се јајца, шеќер и фантазија. Слатките специјалитети из­во­рно се подготвувале во манастирите, за што говорат и нивните имиња: Небо, Појасот на опатицата, Опатовото уво ... Не помалку живописни се и слатките специјалитети направени од јајца, млеко и цимет, колачите со крем од јајца и млеко, невообичаените колачи направени од сирење и грав, пудингот од ориз со цимет, малите колачи од марципан со крем од бадеми... Има уште многу вакви десерти и верувајте секој е повкусен од претходниот.
Вината претставуваат гордост на Португалците. Климата, различните видови на грозје и педигрето на винарите ги вбројуваат португалските вина меѓу најпознатите во светот. Вината во Португалија можат да се поделат во две основни категории: винхо верде и винхо мадуро. Винхос мадурос се направени за зреење во шише. Во покраината Минхо се произведуваат карактеристи­чните винхос вердес (црвени и бели), чија пенливост варира од староста, техниката и начинот на чување на виното.
Ќе наброиме само некои од шампионите на винарските визби: Порто, слатка и сочна Малвазија, сув Серциал, полусуво и темно вино Верделхо, Боал виното со карактеристично буке. Распонот на вината се протега од лесни, преку кисели млади вина, слатки овошни до вина со интензивна арома.
Португалскиот оброк нема да биде целосен доколку на крај не го зачините со багацом или со локалните ликери како амарљуинха, направени од горки бадеми.




Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.