Navigation



Швајцарска кујна

 

 

 

 

 



Ементалер, груѕере, вацхерин, аппензелле, се најпознатите видови од богатата понуда на швајцарски сирења. Јадењата од сирење се сметаат  за национални специјалитети, иако имаат регионален карактер, а ги популаризирале швајцарските произведувачи на сирења.
Поради тоа што Швајцарија е и земја на компирите, логично е еден од главните специјалитети, да е од овој зеленчук. Рости се јаде низ целата земја, а најлесно е да се дефинира како запечени рендани компири. Најпрво се конзумирал само за појадок, но денес ќе го најдете во менито на многу ресторани како предлог за ручек. Швајцарците за појадок или за вечера најчесто јадат топол леб, намачкан со путер и џем.
Печивата се исто така доста застапени во швајцарската кујна, како што е случај и со француската од каде и потекнуваат. Омилени се слатките или соле-ните тортици со различни филови: од кисели јаболка, до сирење или кромид.
Колачите со мед, прелиени со шеќер се специјалитет кој потекнува од регионот на Базел. За време на карневалите се јадат посебен вид на колачи, а често се застапени и колачите со крем или со лешници и суво грозје.
Од десертите позната е одличната торта со моркови, потоа тортите од путер и вишни, како и слаткиот леб со круши.
Но сигурно нема да згрешите доколку се засладите со било која од многубројните видови на чоколади, кои претставуваат гордост на секој Швајцарец.
Од јадењата со месо, Швајцарците претпочитаат телешко месо во сос од печурки, кое задолжително се сервира со рости.
Колбасите и разните видови на салами  се неизбежен дел од понудата на богатата швајцарска кујна.

Регионални јадења
Регионалните специјалитети од францускиот дел вклучуваат сушено говедско или свинско месо. Сувото месо е исечкано на многу тенки парчиња, а се служи со кисели краставички.
Во овој регион многу застапени се и чадените колбаси со праз и компири, како и маринираното свинско месо во сос. За најпознат Женевски специјалитет се сметаат свинските нозе.
Во германскиот регион јадењата настанале под влијание на климатските карактеристики на тоа подрачје. Голема важност им се придава на супите, од кои најчесто се подготвува супата со брашно. Бројните езера придонесуваат за големата популарност на специјалитетите од риба. Од овој регион потекнуваат и број­ните варива од месо и компири.
Жителите на Италијанскиот регион се гордеат со оригиналните специјалитети, кои не се разликуваат многу од оние од Италија. Нормално, доминантни се разните видови на пици и тестенини, пота палентата, како и месото на скара.

Пијалоци
Познатиот чоколаден пијалок Овалтине, исто така доаѓа од оваа земја. Освен во течна состојба, се употребува и како сладок зачин за лебот намачкан со путер.
За својот здрав изглед Швајцарците сметаат дека голема  заслуга имаприродниот сок од јаболки Апфелсафт, кој е омилен и кај младата и кај повозрасната популација. Нешто пожестока варијанта е јаболковата цидра.
Од вината Швајцарците најмногу го почитуваат ризлингот, а од овошјата подготвуваат бројни алкохолни пијалоци.
Како земја во која од земјоделството е најзастапено, производството на житарици, компири, винова лоза и шеќерна репа, а од сточарството одгледувањето на говеда и свињи, швајцарската кујна како комбинација од француската, германската и италијанската кујна нуди најраз­лични специјалитети, кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите гурмани.




Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.