Navigation



За нас

Мед Фокус продукција е претпријатие чија основна дејност и определба се видео емисии и серии, направени на најдобар можен начин, а што недостасуваат во етерот во Македонија. Самото име Мед Фокус (скратен назив од Media focus) асоцира на тоа.
За започнување на ТВ серијата Храна и Вино, и за да изгледа онака каква што е сега, беа потребни 11 месеци подготовки. Се надеваме дека ви се допаѓа како тоа изгледа на екран, но позади сцена е нешто сосема друго. По обем на работата тоа е еден игран филм, во времетраење од околу 2 часа - неделно. Почнувајќи од изборот на рецепти, подготовките за снимање, снимањето,
видео монтажата заедно со подготовката на текстовите, читањето на рецептите...до емитувањето, сето тоа е процес што трае 15 дена.
ТВ серијата опстојува веќе 6 години. За тие шест години 3 пати е сменета сценографијата, со 3 различни кујни. Денес студиото во кое се снима емисијата
е технички опремено со нова најмодерна опрема, која ги задоволува светските стандарди за ТВ студио. Првите години се прикажуваше на Канал 5 телевизија, а потоа се префрли на Телевизија Телма и се прикажува 3 пати на ден од понеделник до петок и тоа во едно премиерно издание и две репризни изданиа. Во недела се прикажуваат сите рецепти од цела недела во еден предпладневен термин од 120 минути.
Денес серијата Храна и Вино ја гледаат околу 20.000.000 милиони гледачи преку национални и локални телевизии во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Како резултат на успехот на ТВ серијата, веќе 4 години излегува и месечно Časopis со најголем тираж во на Балканот. Časopisто излегува на три јазика, македонски, српски и албански.
Исто така веќе 2 години, излегува и DVD издание од DVD колакцијата Храна и Вино, односно DVD Kuvar на териториите на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Во главно тоа е МедФокус продукција и Храна и Вино.
Што е тоа филм, видео, маркетинг и издаваштво се покажа дека знаеме.
Но, тука не е крајот, се уште не чека уште многу работа, затоа што ние не знаеме за доста. Продолжуваме и понатаму кон усовршување на веќе постигнатото, во рамките на светските стандарди, а и проширување во глобалниот модерен свет.




 



Copyright © 2002-2008, MedFOCUS production.